Ременски по пресудата за „Меѓународен сојуз“: Ова беше измачувачки долг судски процес

Професорката Фросина Ременски, по објавата на пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беше ослободена од обвинение, истакна дека е задоволна од одлуката на Кривичниот суд, но истакна дека целиот процес за неа бил измачувачки.

-Задоволна сум од денешната одлука на Судот. Повеќе од две години и психички, емоционално и физички минувам низ процесот. Барам време да ја добијам и прочитам пресудата и потоа евентуално да се изјаснам, односно образложение за какво било новинарско прашање. За случајот досега и премногу зборував, треба сериозно да се размисли и за укажувањето од судот во однос на однесувањето на политичарите и функциониерите. Ми треба време и разбирање од вас за мојата денешна состојба, треба да ги средам емоциите по овој измачувачки долг судски процес, изјави поранешната пратеничка Ременски

 

 

Back to top button
Close