Ременски со порака до Петков: Дојди да го видиш преминот кај Берово и патот кој велите дека е готов

Ќе беше добро бугарскиот премиер денес да можеше да помине на граничниот премин Клепало кај Берово, па да застане на чај од риѓен и буламач на бачилото Клепало или на качамак сос клиси на Аурора. Ќе беше добро, ако преминот беше пуштен како што најавуваа сите премиери и министри од 1993 година до денес, ама не е, напиша Фросина Ременски на Фејсбук по повод посетата на бугарскиот премиер на земјава.

фото: Фејсбук

– Ако се видат последните вести преминот требало да биде пуштен на крајот на 2020 година, ама не е. Фалел асфалтен пат од бугарската страна од Струмјани до Клепало. Бугарските власти викаат патот бил готов, ама уште никој не го гледа. И додека сите чекаат поврзување на еден километар пред преминот патот од наша страна е скоро уништен од последните дождови во Малешевијата. Но, тоа не е најлошата работа … Објектот на Клепало се распаѓа и е нефункционален. Петте куќарки за царински и полициски контроли и прегледи се распаѓаат. Поголем број трансформатори за струја се извадени, украдени и уништени и сигурно продадени како „старо“ железо. Вредноста на оваа штета е голема – вели Ременски, која објави и фотографии од објектите во распаѓање.

фото: Фејсбук
Таа додава дека околу преминот нема ниту полицаец, ниту шумар, а станува збор за гранична зона и стратешки објект која треба да биде под најстрог надзор на државата.

фото: Фејсбук

– Овој премин е граден во 1993 година, инвестирано е многу во него, а сега сè се распаѓа и пропаѓа. Двојно повеќе ќе треба да се инвестира. Кога ќе се сетам дека на школска клупа под отворено небо беше отворен премин на нашите сограѓани и нивните роднини кон Косово, се прашувам зошто тоа не се направи на Клепало за Пиринците од едната и другата страна на границата. П.С. Не знам дали ова денес било тема на разговор на средбата помеѓу Ковачевски и Петков, но знам дека нема да биде ни прв ни последен пат да им ветат на Беровци отворање на преминот како дел од Коридорот 8 – вели Ременски во својата објава на Фејсбук.

Back to top button
Close