Ренци: Конте не може да обезбеди мнозинство во Парламентот

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци денеска изјави дека премиерот Џузепе Конте верува оти нема доволно поддршка од пратениците и оти ќе се изгласа недоверба на Владата.– Не верувам дека Конте го има потребниот број пратеници за победа на гласањето, посочи Ренци.

Тој пред два дена предизвика нова политичка криза во Италија откако ги повлече министрите од Владата од неговата партија Италија вива незадоволен како Владата се справува со пандемијата со Ковид-19 и економијата. Со повлекувањето на министрите, владејачката коалиција остана без потребното мнозинство во Парламентот.

На 18 јануари ќе се гласа доверба на Владата во Долниот дом на италијанскиот Парламент, а еден ден подоцна ќе се гласа во Горниот дом (Сенатот).

За конте да остане на премиерската функција треба околу 25 опозициски пратеници во Долниот дом и околу 18 од Сенатот да му дадат поддршка. Ако Конте не ги добие потребните гласови, италијанскиот претседател Серџо Матарела ќе го распушти Парламентот и ќе распише вонредни избори.

Back to top button
Close