Репортажа: Односот кон покојните сограѓани – огледало на цивилизираноста на едно општество

Фокусот на медиумскиот интерес, понекогаш, ги запоставува малите услужни и стопански колективи, кои со резултатите, организираноста, креативноста и посветеноста, можат да бидат и пример за, условно кажано, гигантите, кои не се симнуваат од насловните страници и ударните телевизиски минути.

Репортерот на Либертас, пренесува успешна приказна, од една релативно мала работна средина, која, помалку, е табу тема, односно некаква нелагодност на прв поглед, но се до моментот кога ќе ве соочат со фактите. Во случајов, ЈП „Градски Гробишта“ од Охрид.

Нелагодноста брзо ќе ја надминете, кога ќе ви кажат дека, тие навистина, како основна дејност, го имаат – погребувањето, односно уредувањето на вечните почивачишта, но, истовремено, се и стопански субјект кој рамноправно настапува во пазарниот натпревар, пред, се на полето на градежништвото, поконкретно – ниско градбата.

Ова јавно претпријатие, основано од локалната самоуправа на Охрид, е едно од ретките во земјата, кое делува како самостоен стопански субјект . Главно, другите се во рамките на комуналните претпријатија. Самостојно учествува на градежниот пазар, но реализира самостојни проекти од иновативен карактер, адекватни на времето во кое живееме, вели првиот човек, дипломираниот машински инжињер Ванчо Костовски.

Тој дообјаснува дека, при крај е реализацијата на проектот за самостојно електрично напојувањње. Над објектот во кој е ресторанот, од кој заработуваат од закупниците, ќе постават фото – волтажни панели. Очекуваат заштеда во потрошувачката од најмалку 20 проценти, но и добивка. Покрај што самостојно ќе ги задоволат половината од сопствените потреби, вишокот ќе го испорачуваат до националниот електро-преносен систем.

Веројатно се единствени кои бројот на вработените го намалуваат

Тоа е колектив од 58 вработени, со релативно мала администрација, што им обезбедува висока продуктивност во работењето. Во овој дел, откривме еден навидум мал детал, но многу поучен.Имено, кога сегашното раководство го презело раководењето, во претпријатието имало 61 вработен.Сега се 58.Тоа е најголема потврда дека не подлегнале на постизборните еуфории на вхлебување на партиски војници.

Во 2017 година, после незамисливите скандали со обезбедувањето на привелегиран посмртен живот за заслужните граѓани (!), главно од политиката и партискиот естаблишмент, новото раководство наследило задолженост од 3 милиони денари. Навидум мала сума, но денеска работаат со, исто толку милиони, позитива, додека , истовремено, личните доходи на вработените ги зголемиле за 30 проценти.

Капела за покојниците од муслиманска вероисповед – на сопствена иницијатива и со сопствени средства

Како што може да се види, менаџментот, демонстрира услуги и грижа, од која се гледа дека во вечните живеалишта, тие погребуваат луге, а не припадници на народи, малцинства и религиозни групи. Уреденоста е еднаква, а отсраниле и еден доскорешен недостаток. На сопствена иницијатива и со сопствени средства, изградиле Капела за покојниците од муслиманска вероисповед.

Во моментов, ова јавно претпријатие е дел од градежната офанзива во уредувањето на инфраструктурата на Охрид. Во тек е реализација на два крупни граджени зафати – комплетното преуредување на улиците 15 Корпус, на која се наога и самото претпријатие, потоа Абас Емин, како и централниот булевар – Туристичка, кај ЦОУ Григор Прличев и слично.

Градежната екипа на претпријатието работи, или на расчистувањето на теренот, или на поставувањето на стопите за уличното електрично осветлување, односно на поставување бекатон плочки, потоа уредување на дрворедите и слично. Значајни работи извршиле и на улицата Крсте Мисрков.

Спуштените рампи – благодет за постарите пешаци и велосипедистите

Но, она, на што граѓаните на Охрид им се особено благодарни, тука, во прв ред, постарите, е отстранувањето на високите плочници и поставувањето, како што тие ги нарекуваат – спуштени рампи. Вистинска благодет за постарите, но и за сите. Пред се, за велосепедистите, кои сега не застануваат и не ги нарамуваат своите велосипеди.

Директорот Костовски, појаснува дека, на овој начин, се преуредени пешачките патеки во целото потесно градско подрачје. Стигнати се до кружниот ток пред Општата градска болница, продолжуваат натаму до новата автобуска станица – кон источните населби. Појаснуваат дека преуредиле 80 проценти од целата пешачко-тротоарска инфраструктура во градот.

Согласно позитивната законска регулатива, ЈП „Градски Гробишта“од Охрид ги почитува сите стандарди и принципи на сигурноста во давањето на услугите, во континуитетот на нивниот квалитетот, во транспаретноста, достапноста и универзалнатана услуга, како и во и заштита на корисниците..Јавното претпријатие е организирано така што дејноста за која е основано, ја врши на начин со кој се обезбедува:
ефикасност во работењето
, развој и усогласеност на сопствениот развој со вкупниот развој на општината,
заштита и унапредување на добрата од јавен интерес
, трајното,, уредно и квалитетно задоволување на потребите на корисниците на услугите . Сето тоа, самостојно во рамките на системот, а функционално поврзано во рамките на локалната заедница, вели директорот Ванчо Костовски.

Уреденоста, зеленилото и тревнатите површини – одраз на почитта кон покојниците

Нивна основна задача и грижа, велат, е да обезбедат редовно чистење и тековно одржување на комуналната хигиена и прудружните објекти на гробиштата, во смисла на одржување на улиците и придружни патеки, зелени површини, косењето, чистењето, метењето, миењето, и пред се, хортикултурно облагородување и оплеменување на просторот. Во тој дел, навистина имаат малку забелешки.(Крај)

Веле Митаноски

Back to top button
Close