„Репортери без граници“: Двете најголеми партии имаат паралелни медиумски системи преку кои вршат влијание. Уредници на главни ТВ канали под притисок од газдите

Анализирајќи ја слободата на медиумите низ политичкиот контекст во земјава, „Репортери без граници“ пишува дека двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создале паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Освен политички, извештајот вели дека дел од медиумите, особено уредувачките тимови на некои од главните ТВ-канали во земјава, се изложени и на економски притисоци од сопствениците

И покрај тоа што е најдобро рангирана во однос на слободата на медиумите од земјите во регионот, извештајот на „Репортери без граници“ покажува дека честиот недостиг на медиумски професионализам во Северна Македонија придонесува до опаѓање на довербата во медиумите, а поради силната политичката поларизација новинарите може да се соочат со притисок од властите, политичарите и бизнисмените.

 

Новинарите неретко се соочени со политички и економски притисок

Анализирајќи ја слободата на медиумите низ политичкиот контекст во земјава, „Репортери без граници“ пишува дека двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создале паралелни медиумски системи преку кои вршат политичко и економско влијание. Освен политички, извештајот вели дека дел од медиумите, особено уредувачките тимови на некои од главните ТВ-канали во земјава, се изложени и на економски притисоци од сопствениците.

 

„Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донатори. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат едвај за опстанок, но не и за понатамошен развој. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност“,

 

пишува во извештајот.

Се додава дека предлог-законот со кој Владата би можела повторно да се рекламира во приватните медиуми предизвика загриженост за потенцијално мешање во медиумите.

 

Со скок од 19 места, С Македонија е најдобро рангирана во регионот по слобода на медиумите, објави „Репортери без граници“

С Македонија заостанува со усогласување на медиумското законодавство со ЕУ-стандардите

И покрај тоа што Уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, во извештајот се додава дека Северна Македонија заостанува во однос на усогласувањето на медиумското законодавство со стандардите на Европската Унија, кон која стреми да се приклучи.

 

 

Фото: Unsplash

„Судската злоупотреба на Законот за граѓанска одговорност за клевета поттикнува самоцензура во медиумите, а тужбите се користат како алатка за заплашување и притисок врз независните медиуми“,

 

се наведува во делот за правната рамка.

Во извештајот на „Репортери без граници“ се наведува дека, и покрај прилично слабата транспарентност на институциите во земјава, целокупната средина останува поволна за слобода на медиумите и дозволува критичко известување. Сепак, се додава дека лесното ширење на дезинформациите во дигиталните медиуми, во комбинација со ниските професионални стандарди придонесува за пад на довербата на јавноста во медиумите.

Новинарите се цел на чести вербални напади

Падот на довербата во медиумите, пак, го отвора патот за чести вербални напади врз новинари врз основа на полови, етнички или верски критериуми.

„Под изговор за заштита на државни тајни и личните податоци, новинарите може да бидат изложени на правен притисок и злоупотребувачко гонење. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на медиумите и да ги штитат новинарите. Во главниот град беше назначен специјален обвинител што ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја“се додава во извештајот на „Репортери без граници“.

Со позитивен скок од 19 позиции во однос на 2022 година, земјава се најде на 38. место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс на слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Тоа Северна Македонија ја прави најдобро рангирана од земјите во регионот во однос на слободата на медиумите во 2023 година.

Back to top button
Close