Репортери без граници го осуди апсењето на египетската уредничка

 Меѓународната организација за медиуми „Репортери без граници“ денеска го осуди апсењето на Нора Јунис, уредничка на еден од неколкуте преостанати независни медиуми во Египет и ги повика властите во земјата да ја ослободат веднаш и да ги отфрлат сите обвиненија.

Нора Јунис, уредничка на веб-страницата Ал-Манас, беше уапсена вчера откако безбедносните сили извршија рација во нејзината канцеларија во Каиро

Таа е обвинета за водење веб-страница без дозвола за работа“, соопшти Ал-Манас.

„Со постојани административни одложувања, властите спречија Ал-Манас да се легализира, поради што недостига официјална дозвола за работа, што е причина за судска постапка,  соопшти „Репортери без граници“.

Тие ги повикаа египетските власти да престанат со гонење на независните медиуми.

Во Египет е потребно медиумите да имаат лиценца за работа, но неиздавањето дозвола честопати се користи како изговор за замолчување на медиумите што ја критикуваат власта. 

Back to top button
Close