Репродуктивната вредност на коронавирусот во Германија се зголеми на дури 2,78

 Новите жаришта на коронавирус во Германија придонесоа за нова рекордна вредност на вирусот во таа земја од 2,78. Таканаречената Р-вредност покажува колку едно заболено лице може да зарази други луѓе.

Германија го сведе овој индекс на 0,86, но потоа почна да се зголемува на 1,06, па 1,79 и сега изнесува 2,78, што значи дека еден заболен заразува во просек по 2,78 лица.

Причина за зголемување на вредноста на стапката на зараза се жариштата во концернот „Тенис“, како и во зграда во Гетинген, Берлин и Магдебург.

За заразата да се држи под контрола неопходно е Р-вредноста да биде под 1,0.

Back to top button
Close