Републиканци побараа од суд во Пенсилванија да ги блокира резултатите од претседателските избори

Републиканците во Пенсилванија поднесоа итна тужба до државниот суд за блокирање на потврдувањето на резултатите од претседателските избори кои беа во корист на новоизбраниот шеф на државата Џо Бајден, јави Блумберг.

Окрузите имаат рок да ги потврдат резултатите подоцна денеска, по што државниот секретар може да ги потврди резултатите на национално ниво. Во саботата, федерален судија ја отфрли тужбата на американскиот претседател Доналд Трамп за блокирање на потврда на резултатите од изборите во Пенсилванија.

Републиканците, предводени од Мајк Кели, побараа од судот да ги прогласи незаконски гласовите дадени по пошта и да спречи државата да ги потврди резултатите или да дозволи Конгресот во Пенсилванија да избира електори за Изборниот колеџ.

Барањето генерално е слично на барањето на Трамп.

Кели и другите републиканци претходно поднесоа неколку други тужби со кои се оспоруваа гласањето по пошта во државата

Back to top button
Close