Решен проблемот со поплавите во 8ми Септември
Вода протекла во две хируршки сали на третиот кат во ГОБ 8 Септември, во екот на вчерашното невреме.
Во меѓувреме проблемот е надминат, а болницата е во целосна функција, , информираа од болницата.
Пациентите што треба да бидат оперирани веќе се префрлени во опремени сали на другите катови.