Реставрација на манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези

– Во рамки на денешната онлајн седница на Советот на општина Карпош беше прифатена одлуката за меѓуопштинска соработка со градот Скопје, за реконструкција на улици во населбата Нерези. Советниците го изгласаа и предлогот за конзерваторски и реставраторски работи на манастирот „Св.Пантелејмон“ кој датира од 12-тиот век и е еден од културно-историските обележја не само на Општина Карпош, туку и на Град Скопје.

Советниците, како што соопшти општината, дадоа „зелено светло“ и за грант од Министерството за труд и социјална политика, со помош на кој треба да се обнови градинката „Орце Николов“ во населбата Карпош 3.

– Еден од приоритетите на локалната самоуправа е модернизирање на градинките, со цел да се подобрат условите за престој во претшколските установи. На денешната седница, советниците ја одобрија и иницијативата за распишување на јавен повик за формирање на младински совет. Формирањето на овој младински совет треба да обезбеди поактивно учество на младите карпошани во реализацијата на разни проекти и настани, кои се од интерес на младината, како и нивна партиципација во решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите од оваа возрасна категорија, се вели во соопштението.

Советниците одобриле и финансиски средства за реализација на дел од проектот „Училиштето е место за поттик на младите за позитивни промени и унапредување на животната средина“ во ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“. На седницата се изгласала и одлуката за вработување на кадар во девет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2020/2021.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close