Рестораните и транспортот поскапи за 25 отсто споредено со лани – Владата најавува „внимателни мерки“
Ресторанските услуги се за 25 отсто зголемени во споредба со минатата година, покажала анализата на Владата. Истото важи и за транспортните услуги, а двоцифрено зголемување има и кај овошјето.
„Нашата пракса покажала дека ако ја ограничиме маржата кај одредени производи, во следните месеци таа се прелева и на крајот се нивелира“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека во јули инфлацијата е меѓу 4 и 5 отсто, а тоа е поради услугите.
„Тоа значи дека зголемените плати и пензиите кои номинално се зголемија, прават притисок врз побарувачката. Затоа сме внимателни во делот на носење на мерки“, додаде Мицкоски.
Тој рече дека анализата скоро ќе биде готова и ќе бидат внимателни.
„Се анализираат групи на производи, услуги, за да дојдеме до трајно решение“, посочи тој