Ревизорскиот суд на ЕУ предупреди на ризик од измами во врска со европските средства за борба против Ковид-19

– Ревизорскиот суд на Европската унија предупреди на ризик од измами и злоупотреби во врска со европскиот фонд за помош за борба против Ковид-19, вреден 750 милијарди евра, јави ДПА.

– Потребен е ефикасен систем за контрола на ресурсите на фондот, изјави претседателот на Судот на ревизори на ЕУ, Клаус-Хајнер Лене за ДПА.

Фондот за помош, од кој дел ќе бидат исплатени како заеми, а друг дел како грантови, треба да се искористи за обнова на економиите на земјите од ЕУ кои беа погодени од пандемијата на коронавирусот.

Европската комисија очекува исплатата да почне во јули.

Покрај фондот, долгорочниот буџет на ЕУ до 2027 година се очекува да се искористи и за закрепнување на европските економии. Ова е вкупно околу 1,8 трилиони евра.

Според Судот на ревизори на ЕУ, милијарди евра од европските фондови секоја година завршуваат во погрешни раце. Меѓутоа, во повеќето случаи тоа се грешки, а не измами, велат европските ревизори.

Back to top button
Close