Резултатите од пописот не се спорни за Европската комисија: Методологијата е во согласност со сите стандарди

Пописот кој се спроведе во земјава за Европската комисија не е спорен и воопшто не се доведени во прашање ниту резултатите од него, ниту пак, методологијата според која е спроведен пописот, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прашањето на МИА дали Европската комисија има коментар за разните заедници и чинители кои не се согласуваат или не ги признаваат резултатите од пописот, Европската комисија вели дека е задоволна од методологијата.

 

„Не ги коментираме тие наводи. Како што е кажано во Извештајот за Северна Македонија од 2021, Законот и Методологијата, врз кои се базирани подготвувањето, организацијата и спроведувањето на пописот, се широко усогласени со релевантните стандарди дефинирани со статистичкото законодавство на Европската Унија – изјави денеска портпаролката на ЕК Ана Писонеро за МИА.

Таа пред неколку дена нагласи оти Комисијата го поздрави фактот што Северна Македонија конечно по 20 години спроведе попис, чии актуализирани податоци се клучни за градење социјални, економски и демографски политики во интерес на сите граѓани во земјата

 

 

Back to top button
Close