Рибарски приказни за неуловените дебели политички сомови

Македонската политика никогаш не била препорачлива за луѓе со понежно здравје и со истенчени морални вкусови, но начинот на кој стигнавме до оваа, најнова Влада, таа навистина ги содржи сите напнати елементи на врвен политички холивудски трилер: неколкумесечната неизвесна борба за моќ беше проследена со низа непредвидливи, ненадејни пресврти во кои балансот на превласта на силите висеше на конец како дебел сом што се превртува во плитката мил фатен на слаби јадици, заканувајќи се во секој момент некому да му се откачи и повторно да отплива во езерските длабочини. На едните тоа и им се случи, па им остана само да раскажуваат рибарски приказни за тоа колку бил голем сомот и што софри ќе послужеа да им појдеше од рака да го уловат.

Во самото финале од составувањето на новата Влада, за да не останеме скратени и од мелодраматични елементи, се погрижи Никола Димитров со начинот на кој реши да ја напушти активната политика во оваа фаза од неговиот функционерски ангажман – сосема различно од „хепиендот“ на Радмила Шеќеринска која триумфално се прости од власта загрната со официјалното американско знаме доделено со високи воени почести од најважниот меѓународен стратегиски партнер на државава. А, заслугите им се споредливи; само умешноста и калкулациите при напуштањето на сцената и влегувањето во историјата, не.

Koлумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close