Рики Мартин го тужи внукот кој го обвини за инцест, за 20 милиони долари

Адвокатите на пејачот Рики Мартин го тужат внукот на пејачот,Денис Санчез Мартин, тврдејќи дека тој се обидел да изнуди пари и да ја уништи неговата репутација со лажни тврдења за сексуално насилство.

Педесет годишниот пејач бара од својот внук отштета од 20 милиони долари и го обвинува за изнуда, пишува магазинот „Пипл“.

Рики Мартин се одлучил за овој потег една недела откако неговиот братучед се откажа од тужбата за сексуален напад што ја поднесе во јули.

Судот ја отфрли и мерката за привремена забрана за приоѓање што му беше изречена на пејачот.

Како што се наведува во противтужбата, Санчез, синот на тетката на пејачот, првично го демнел на социјалните мрежи, а подоцна и јавно го објавил неговиот телефонски број, поради што бил принуден  да го смени.

Месеци подоцна, Санчез поднесе тужба за сексуално злоставување против Рики Мартин и побара мерка за забрана за приближување.

 

 

Back to top button
Close