Ристески: Во Прилеп починаа 333 луѓе од Ковид и за ниту еден не се пушти хеликоптер, ама се пушта за Заев и Филипче

Интегрален текст од прес конференција – Петар Ристески, пратеник

Почитувани,

Денес во Прилеп пристигна Зоран Заев ни помалку или повеќе со хеликоптер.

Во Прилеп имаме до денес 333-ца наши сограѓани, наши соседи,роднини и блиски луѓе починати и повеќе од 7,100 заболени од КОВИД, за ниту еден од нив не полетал хеликоптер, но затоа хеликоптер се крена за Заев и Филипче.

Денеска Заев заедно со Венко Филипче леташе од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка. Ова е невиден скандал и срам.

Заев и Филипче возат мотори и кога умираат по 30 луѓе на ден, министри шетаат во Дубаи и Мексико, кога тука луѓето се борат за живот, а сега летаат со хеликоптери на државна сметка.

Едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали. Но, Заев и Филипче наместо за борба против КОВИД19 пари трошат за летање со хеликоптер за одење за Прилеп.

Но како би дошле во Прилеп поинаку?

1. Изградбата на патот Градско – Прилеп ја прекинаа и сега истиот е небезбеден, а фирмата „Рубау“ си замина, затоа што Заев и Сугарески му барале провизија.

2. Заев сака да ги избегне тутунарите, кои го чекаа денес да му се заблагодарат за најкатастрофалниот откуп на тутун во последните 30 години. Тутунот им го земаа за без пари.

3. Вработените во ЈП за ПУП од Прилеп за месец февруари земале плата од само 5,000 денари, а за март ќе почекаат.

4. Вработените во „Еурокомпозит“ се излажани и неисплатени.

Како да дојде со кола во Прилеп кога нема како да им објасни на фамилиите на 333-та починати од КОВИД на 7,100 заболени кои молат за помош, а никој не им излегол во пресрет. Како овие луѓе да ги платат сметките од 2300 евра и повеќе на ден во приватните клиники.

Заев и Филипче се гробари на Прилеп.

Back to top button
Close