Ристевска-Јорданова: Бугарските клубови со провокативни имиња се смислена стратегија

Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика во вестите на „Сител“ кажа дека отворањето на бугарските клубови со провокативни имиња е смислена стратегија.

„Отворањето на бугарските клубови со провокативни имиња е провокација и смислена стратегија од бугарска страна кои тие ја користат постојано“, вели таа.

Ристевска-Јорданова смета дека треба да се реагира поладно и порача дека во иднина мора мудро да се постапува.

„Ако забележите во Извештаите повеќето од работите се од забележување од страна на Брисел и тоа е сместено во делот на слобода на здружувањето. Веќе постојат правила кои треба да бидат образложени и мудро треба да се постапува во иднина, но тоа треба да се направи на европски начин“, кажа таа.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close