Ристо Пенов: Зад неизградбата на Универзална сала има и личен интерес
Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, се сомнева дека зад необновувањето на Универзална сала, како репрезентативен објект потребен за главниот град, стои личен интерес.
Тој во емисијата „Стадиоон“ на Канал 77 рече дека како поранешен министер за локална самоуправа се обидел да поомогне во изградбата, но дека партиските несогласувања и евентуалниот нечиј личен интерес тоа го кочеле,
-Се обидов да учествувам за изградба на Универзална сала. Дури 18 месеци се потребни за да се изгради Универзална, а догодина Скопје ќе биде град на културата. Сега да стартува изградбата, за догодина немаме сала. Не се изгради поради партиски и политички препукувања. Јас ј почнав, а кога дојде Трифун Костовски не сакаше да ја гради. Околу Уноврзална не се само партиски интереси, туку и лични, рече меѓу другото Пенов.
Извор: skopjeinfo.mk