Ристоска: Неточни се тврдењата на премиерот дека земам повисока плата
Скопската јавна обвинителка Ленче Ристоска, го демантира премиерот Христијан Мицкоски, дека како јавен обвинител за врски со Европравда зема многу висока плата.
-Од аспект на мојата плата и платата која јас ја земам, ќе кажам дека се неточни тврдењата на премиерот Мицкоски, дека земам повисока плата. Јас како и сите обвинители од скопското обвинителство земам плата која што со закон ми е определена и со закон ми следува. И можам да кажам само дека ваквите тврдења кои што се изнесуваат за мене од страна на премиерот, доведени во колерација со листата што не е пратена во Стразбур, докалку се земе фактот дека и одредени провладини медиуми шират клеветнички кампањи, сето тоа во одреден контекст, не сметам дека е случајно, а дали постои анимозитет или не, тоа ќе треба да си го прашате претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави обвинителката Ленче Ристоска.
извор фокус мк