Ристовски: Додека не ме повика судот ќе тврдиме дека Мицкоски е уценет

Се’ додека судот не ме повика да дадам службен исказ на официјално рочиште, се’ дотогаш, и понатаму ќе тврдиме дека Христијан Мицкоски е уценет човек, дека е инстант политичар, таен,  полутаен или јавен партнер во тангото со ѓаволот со СДС*, вели лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски откако беше објавено дека Мицкоски ја добил тужбата против Ристовски.

-Нашите адвокатски тимови немаат добиено никаква Пресуда, ниту пак покана за рочиште во предметниот спор. Тужбата која Ристовски ја поднесе против Мицкоски по истиот/сличен основ, пред година и половина, воопшто не е влезена во процедура, а камоли да има пресуда. Дали во македонското судство се’ уште има утврдени партиски инсталации под влијание на ВМРО-ДПМНЕ?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доби две тужби за клевета и навреда, поднесени против СДСМ и против лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски.

Тужбата против Ристовски од Интегра, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја доби поради изјави дека Мицкоски го продал името и бил уценет.

 

 

Back to top button
Close