Ристовски: На Интегра основен столб и е враќање на македонското национално единств

Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски вечерва се обрати на платото пред Народниот театар во Велес и посочи дека на таа партија основен столб и е враќање на македонското национално единство и востоличување на македонскиот национален стратегиски интерес во татковината и насекаде во светот.

Тој информира дека за пет месеци посетил четири континенти, бил и во Американскиот конгрес и во Федералниот парламент на Сиднеј, како и во многу европски метрополи меѓу кои и Лондон, каде бил во седиштето на Конзервативната партија, а имал и говор во Британскиот парламент. Посочи дека насекаде ја раскажал приказната дека во Македонија и во регионот на Источна Европа може да има мир, прогрес и просперитет само во услови на отворен македонски национален интерес во сета полнота во својата татковина.

По обраќањето на Ристовски се претставија кандидатите за пратеници од третата изборна единица.

Back to top button
Close