Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка

 Глумицата Риз Видерспун се пофали со тоа што „луѓето на паркинзи“ ја помешуваат и споредуваат со нејзината „двојничка“, седум години помладата пејачка Кери Андервуд.

„За жената што на паркинг ме праша дали сум Кери Андервуд! Ми го разубавивте денот, официјално!“, објави Риз на Твитер.

Пејачката, која исто така, е и глумица и модна дизајнерка беше уште пополаскана, според коментарот под објавата…

„Твојот ден?!?!?!?! Оваа дама штотуку ми го разубави целиот мој живот!!!“, додаде Андервуд.

Back to top button
Close