Ризикот од заразување со мајмунски сипаници во Европа, ОК и САД е многу низок.

Мајмунските сипаници можеби се причина за загриженост, но тие не се причина за аларм, паника ..
Точно е, постојат “алармантни” наслови по медиумите, но сите индикатори во моментов сугерираат дека овој вирус нема да биде проблем за светот како што е САРС-КоВ-2.
Моделите не даваат никакви знаци за тревога.
Мала едукација.
Постојат два вида на овој вирус. Едниот сој наречен “Конго” има стапка на смртност до 11%, вториот “Западно Афрички” со стапка на смртност од 1%. Добро е што случаите кои се пријавени во ЕУ, ОК, САД се од вториот.
Ризикот од заразување со мајмунски сипаници во Европа, ОК и САД е многу низок. Колку?
Да кажеме поголема е веројатноста дека ќе бидете удрени од гром. 🙂
Како се лекува и дали постои вакцина за превенција?
Третманот на мајмунска сипаница е фокусиран во ублажување на симптомите, а болеста главно поминува “сама од себе” со доволно одмор и доволно течности.
Вакцината за малите сипаници (онаа “обичната”) штити и од болеста “мајмунски” сипаници.
Постојат лекови како Цидофовир (антивирусен лек) и Тековиримат (друг антивирусен лек), кои може да се користат при лекување и контрола на евентуална епидемија на мајмунска сипаница во земјава.
Вакцината против сипаниците може да се користи и пред и по изложување, и истата е до 85% ефикасна во спречувањето на болеста мајмунски сипаници. Луѓето кои се вакцинирани против мали сипаници во детството, вообичаено минуваат лесно доколку се заразат со мајмунските.
За превенција, треба да се пазиме од пренос на инфекција преку респираторни и контактни патишта (продолжете со маските и миење раце пример).
Крастите се исто така заразни и треба да се внимава да се избегне контакт преку постелнина, облека и така натаму.
Иако вирусот е доста незгоден, тој никогаш до сега не се пренесувал лесно меѓу луѓето.
Не паничете со хигиенски театар. Кај нас имаме доволно имунитет од преку вакцините за мали сипаници, кој ја усложнува и трансмисијата на мајмунските сипаници.
Вирусот кај случаите кои се идентификувани во ЕУ, САД и ОК, има ниска стапка на смртност (1%). Да не речеме дека не е можно, но вирусот најверојатно нема да убие никого во Македонија. Затоа, без паника.
Од друга страна, постои релативно долг период помеѓу симптомите и кога луѓето започнуваат да се заразни за останатите, што сугерира дека изолацијата и следењето на контактите би требало да бидат високо ефективни во спречувањето на ширењето на вирусот.
И последно, постои опција и да се примени заштитен круг на вакцинација за спречување на епидемија, во кој на контактите од потврден случај веднаш ќе им биде понудена вакцина против малите сипаници – Морбили.
Илчо Ефкоски

Back to top button
Close