РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на струја

Бислимовски очекува во текот на наредната недела, „ЕВН хоум“ да достави пресметки до РКЕ, кои ќе треба да се проверат во насока дали е имплементиран тарифниот систем. Потоа, „ЕВН хоум“ треба да донесе одлука за цената на електрична енергија од 1 јануари 2026 година на регулираниот пазар.

Од 1 јануари следната година за 3,64 отсто се намалува надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција. За 2,67 отсто се намалува надоместокот за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто се намалува и цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енргетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), за која на прес-конференција информира нејзниот претседател Марко Бислимовски.

Според него, влијанието на крајната цена на електичната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар во просек ќе биде од 1 до 1,2 отсто. Влијанието, пак, на крајната цена за пренос на електрична енергија е четири отсто, за дистрибуција на електрична енергија е 33 отсто, а влијанието на операторот за пазар на електрична енергија е 0,19 отсто.

Со тоа, како што посочи Бислимовски, вкупно во делот каде има влијание РКЕ на цената на струјата има намалување од 37 отсто врз крајната цена.

„Со денешната одлука, сите лементи што ја сочунуваат крајната цена се познати, како ценат и количина по која е набавена електричната енергија, услугите на мрежните оператори, затворени се и набавките за загуби. Сега останува универзалниот набавувач ‘ЕВН хоум‘, под наш надзор на даправи пресметка и да се објават финалните цени по блокови. Делот што РКЕ го регулира во крајната цена има влијание од околу 36 отсто“,кажа Бислимовски.

Очекува во текот на наредната недела, „ЕВН хоум“ да достави пресметки до РКЕ, кои ќе треба да се проверат во насока дали е имплементиран тарифниот систем. Потоа, „ЕВН хоум“ треба да донесе одлука за цената на електрична енергија од 1 јануари 2026 година на регулираниот пазар.

Според него, се уште не може да се каже колкава ќе биде крајната цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите од 1 јануари.

„Во моментот кога ‘ЕВН хоум‘ ќе ги достави пресметките, ќе знаеме точни и прецизни информации. Сега не би сакале да шпекулираме, бидејќи има фактори на кои и ние не им ги знаеме цените, особено во делот на повластените производители“рече тој.

На прашањето дали од 1 јануари ќе има зголемување на периодот на евтина тарифа за струја во текот на денот, рече дека може, но оти ќе треба таа од 22 часот да се помести на полноќ.

„Анализите се завршени и покажуваат дека ако се зголеми времетраењето на евтината дневна тарифа, евтината вечерна тарифа од 22 часот би требало да почне од полноќ. Анализите покажуваат и дека има многу голема потрошувачка енергија по 22 часот, нешто што се смета за стекнати навики во домаќинствата. Ќе видиме во наредниот период што ќе преземеме, оти реалната слика на пазарот е дека може да се зголеми дневната тарифа, но ги имаме в предвид и навиките“вели Бислимовски.

Посочи дека евтина тарифа во текот на денот за домаќинствата имаме само ние и Босна и Херцеговина без Република Српска.

Back to top button
Close