РКЕ со нова корекција: Како се движеа цените на горивата во последните 10 дена

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалени во просек за 0,50 проценти во споредба со вчерашната одлука, која беше на сила денеска

 

Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги (РКЕ) ги коригира и денеска цените на нафтените деривати кои, во просек, ќе бидат пониски за 0,5 проценти во споредба со цените што беа утврдени вчера.

Од полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм).

Од РКЕ посочуваат дека ова се максимални цени. Трговците на големо и трговците на мало можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Со најновата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се намалени во просек за 0,50 проценти во однос на одлуката од 17 март.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Како што соопштија од РКЕ, мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува 53,159 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, се наведува во соопштението, во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,622 проценти, кај дизелот има зголемување за 0,663 проценти, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,867 проценти и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 2,989 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,002 проценти.

Back to top button
Close