РКЕ: Увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибутивниот систем

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во реакција за информациите во однос на миграцијата од слободен на регулиран пазар укажува дека увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибутивниот систем, што е различно од ЕВН Хоме.

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, во однос на изјавите во последната недела кои се однесуваат на миграцијата од слободен на регулиран пазар, укажува дека РКЕ уште на почеток на годината беше прва институција која го детектираше манипулативното однесување на дел од компаниите кои од слободен се префрлаа на регулиран пазар и за тоа навремено ги извести надлежните институции кои водат соодветни постапки. Во исто време појаснуваме дека, согласно со донесената Одлука на Владата, увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибудивниот систем, што е различно од ЕВН Хоме, наведува РКЕ во реакцијата.

РКЕ најавува дека следниот месец ќе влезе во процес на детално анализирање и сегментација на работата на енергетските компании откако тие ќе ги достават барањата по што ќе се утврдуваат тарифите кои ќе бидат во сила од 1 јануари, а се однесуваат на електричната енергија. -Станува збор за сензибилен период во кој многу т.н авторитети ќе се чувствуваат подготвени да ги коментираат енергетските случувања. РКЕ ќе продолжи транспарентно, како и до сега да ги информира граѓаните со цел да се аморитизираат сите шпекулации и лиферувања за цената на електричната енергија. РКЕ останува на клучниот постулат дека транспарентното информирање е единствена алатка во борбата со дезинформациите, стои во реакцијата од РКЕ.

Back to top button
Close