РКЕ за кривичната против Бислимовски- За одземањето на лиценцата на Тритерол Петрол е постапено согласно закон

„Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција“, реагираат попладнево од РКЕ.

Од таму велат „РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци“.

„РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата“ стои во соопштението.

Back to top button
Close