Роберт Фицо пренесен од Банска Бистрица во Братислава, ќе закрепнува дома


Словачкиот премиер Роберт Фицо од болницата во Банска Бистрица денеска е префрлен дома во Братислава.

Неговата состојба е стабилизирана и почнал со рехабилитација, јави поралот Правда.

Порталот наведува дека Фицо ќе закрепнува дома и оти тоа било негова желба.

На 15 мај 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо, a полицијата веднаш го приведе. Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата во Банска Бистрица каде му беше извршена операција

Back to top button
Close