Роберт Хадсон, Иван Додовски, Ана Мартиноска и Жарко Иванов се добитници на наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во областа на науката

Во Собранието на Северна Македонија денеска напладне ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во областа на науката.

Според Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, годинашни добитници на престижната државна награда се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“(од архивските материјали на Васил Хаџиманов).

Наградата „Гоце Делчев“ првпат беше доделена во 1949 година, а прв добитник беше истакнатиот македонски книжевен културен работник академик поет прозеист есеист Блаже Конески.

Back to top button
Close