Роберт Хур ќе ја спроведува истрагата како претседателот Бајден постапува со доверливи документи

Американскиот секретар за правда, Мерик Гарланд, соопшти дека назначил специјален обвинител кој ќе го испитува начинот на кој американскиот претседател Џо Бајден постапува со доверливи владини документи.

Истрагата ќе ја води Роберт Хур, поранешен обвинител во американската сојузна држава Мериленд.

 

Претходно, претседателот Бајден потврди дека во неговиот дом во државата Делавер се пронајдени повеќе доверливи документи.

„Пребарувањето беше завршено синоќа.Мал број доверливи документи беа откриени во мојата куќа – во библиотеката“, рече Бајден.

Беше објавено дека документите се пронајдени во заклучена гаража во градот Вилмингтон, како и во уште една соба.

Back to top button
Close