Рочиштето повторно одложено – Зеќири поради влошена состојба не дојде во суд,l

По добиено вештачење за здравствената состојба на Мухамед Зеќири, судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, кое беше закажано за 21 февруари ќе биде одложено, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да е добиено вештачење изработено по наредба на судот од вештак – психијатар, според кое обвинетиот заради здравствени пречки не е во можност да го следи следното судење, стои во соопштението од Кривичен.

Дополнуваат дека главната расправа ќе продолжи на следниот насрочен термин на 13.03.2023 година 10 часот, а за евентуално ново одлагање на расправата, како што наведуваат, јавноста и странките ќе бидат благовремено известени.

Зеќири се товари дека со „злоупотреба на службена положба и овластување“ го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

– Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.

Back to top button
Close