Родители дозволиле малолетници ќерки да живеат во вонбрачни заедници, едната била и силувана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против четири лица поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со вонбрачен живот со малолетници, а едно лице се гони и за силување на дете помладо од 15 години.

Како што соопшти МВР, пријавени се О.Л. (49) од Делчево и Н.Л. (38), како и Н.П. (27) и О.П. (49) од струмичко село.

Според наводите, родителите О.Л. и Н.Л. дозволиле нивната малолетна ќерка од септември 2023 година да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа родила дете. Воедно, од март 2024 година дозволиле и нивната втора малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со О.П..

Против Н.П. е поднесена кривична пријава за „вонбрачен живот со дете“ и за „силување на дете кое не наполнило 15 години“, додека останатите се гонат за кривично дело „вонбрачен живот со дете“, согласно Кривичниот законик.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Back to top button
Close