Родители од Скопје пријавиле дека дефектолог го повредил нивното малолетно девојче


Четириесет и четиригодишниот Н. П. од Скопје, вчера во СВР Скопје, пријавил дека на 18.03.2023 околу 16:30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од Е. С. (36) – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да ѝ држи часови на нивната ќерка.

Со неа бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Back to top button
Close