Родителите на децата со посебни потреби во Бугарија поставуваат шатори пред Владата во Софија

 Родители на деца со посебни потреби во Бугарија од иницијативата „Системот нè убива“ планираат да ги преместат шаторите на локација пред зградата на Владата, соопштија денеска претставници на иницијатива.

Демонстрантите во Софија деблокираа една од трите раскрсници што ги окупираа за време на антивладините протести, кои денеска влегоа во 33-от ден.

Откако полицијата во петокот ги отстрани шаторите од клучните крстосници во Софија, група демонстранти во саботата повторно ги поставија и го блокираа сообраќајот.

Полицијата овој пат не ги отстрани шаторите.

Полицијата соопшти ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите.

Back to top button
Close