Родителите на убиениот професор во Хрватска: Го оставиле како животно на улица да умре- ќе ги донираме неговите органи за да спасиме други животи

Нико Ченгиќ (35) професорот кој предаваше во Економското средно училиште во Вараждин, почина во неделата вечер од ударите кои со палки и ланци му ги задле четворицата осомничени пред здружението Културана во Грабарје, Вараждин.

Починатиот работел како професор по англиски јазик, моментално бил на замена, а членовите на колективот со кои разговараа тамошните медиуми го опишаа како пристоен колега кој уредно си ја врши работата.

Новинар на 24сата разговараше со неговите родители, кои тешко доаѓале до зборови откако нивниот син беше брутално убиен.

Тие посочија дека не им е грижа како ќе поминат виновниците затоа што тоа нема им да го врати нивниот син назад. Истакнаа дека ги донирале неговите органи затоа што се здрави и дека на тој начин ќе спасат пет човечки животи.

Таткото на починатиот рече дека во Културана има сè, а најмалку култура. Во меѓувреме, преку ноќ беа напишани графити со натписи „убијци“ во просториите на здружението Културана.

Неговите родители додадоа дека тој работел и по 16 часа на ден затоа што бил професор по филозофија, логика и етика, покрај англискиот јазик и дека на своите ученици им велел дека тие се негови деца бидејќи не бил во брак.

Се наведува дека последен пат го виделе во петокот. Нино живеел во истата зграда со неговите родители, само на вториот кат, а веста дека бил претепан ја добиле во саботата.

Родителите веруваат дека нивниот син би бил спасен доколку се повикала брза помош и доколку не го уништеле неговиот мобилен телефон затоа што хематомот кој влегол на четири сантиметри можел да биде решен хируршки, но поради долго време пред тој да биде во болница, пишува 24 часа.

Back to top button
Close