Роднини и резервисти кои служеле со убиецот  од Мејн претходно ја предупредиле полицијата дека би можел да изврши масовно пукање

Резервистите на американската армија кои беа сведоци на менталниот и физичкиот пад на колегата кој го изврши најсмртоносното масовно пукање во Мејн, рекоа на комисијата дека се обиделе да интервенираат пред трагедијата.

Шест недели пред минатиот октомври кога Роберт Кард го изврши најсмртоносното масовно пукање во Мејн и да убие 18 луѓе во бар и куглана, неговиот најдобар пријател и колега резервист Шон Хоџсон испратил порака до надзорниците.

Хоџсон пред комисијата сведочеше дека ги информирал претпоставените за непредвидливото и насилното однесување на Кард.

Тој потенцира дека предупредил на масовно пукање бидејќи Кард им се заканувал на повеќе членови на единицата со насилство и дека неговите закани и заблуди ескалирале.

Таа порака дојде неколку месеци откако роднините ја предупредиле полицијата оти Кард станал параноичен и дека се загрижени за неговиот пристап до оружје

Back to top button
Close