Рохани: Барањето на САД за разговори со Иран е лага

 Барањето на САД за разговори со Иран е лага, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани на државната телевизија.

– Тие велат „подготвени сме за преговори“. Што значи „подготвени сме за преговори? Кој ја напушти преговарачката маса? Кој ја запали преговарачката соба? Тоа беа тие, рече Рохани.

Иранскиот претседател оцени дека тоа е „една зад друга лага, секој ден“.

На почетокот на јуни, американскиот претседател Доналд Трамп, преку Твитер, го повика Иран да склучи договор со Америка.

Back to top button
Close