Рома кафе во кое беше уапсен Аца Лукас со демант: „Во објектот имаше 400 гости што беше уредно пријавено и беа обезбедени сите услови за работа“

t

Кафулето во кое настапуваше Аца Лукас, каде што беше уапсен, го демантираат градоначалникот Митко Јанчев за пропустите од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторат за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци.

“Во врска со изјавата на градоначалникот д.р. Митко Јанчев како и на некои објави на портали за утврдени пропусти од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторат за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци.

Го доставувам овој демант и остро ги демантирам сите изјави и пишувања.

Од моја страна како сопственик на Рома кафе сметам дека не е сторено ниту едно пркршочно дело наведено од градоначалникот и медиумите.

Објектот за настанот беше издаден под наем и целата правна обврска и одговорност при инспекцискиот надзор е на тој правен субјект поткрепено со писмен договор.

Аца Лукас имал валиден влез и запазен престој (со што е потврдено од судијата во основниот суд во Кавадарци).

Настапот беше наменет за промоција на негова сопствена крипто валута. Тротоарот за кој имавме барање до општината за користење беше одбиено и истиот не се користеше во врска со настанот. Инспекторите од УЈП и ДПИ при извршената контрола ке поднесат соодветни поднесоци за дел од констатирани неправилности спрема правниот субјект

Рома кафе во насока со законските прописи и насоките од градоначалникот поднесе до Општина Кавадарци, Противпожарна единица, ЈЗУ Општа болница и до Полициска станица – Кавадарци. Во барањата е образложен целиот настан и нивна присутност поради поголем број на посетители (за кое имам писмен доказ). После пријавувањето за настанот добивме напатствија од надлежните институции како да настапиме на денот на настанот и истите беа исполнети од наша страна.

Не се точни изјавите дека имало загрозување на безбедноста од причини што после приведувањето во 00:10ч на Аца Лукас, Рома кафе продолжи со работа до 01:00ч, што значи дека Рома кафе ги исполнувала сите потребни безбеднони услови и излези од објектот, и нема изречено казна. Исто така не е точно дека во објектот имало 700 гости, тоа се паушални изјави од луѓе кои не биле присутни. Во објектот имаше 400 гости што беше уредно пријавено и беа обезбедени сите услови за работа. Доколку немало услови за работа, надлежните институции пред започнување на настанот можеле да не известат дека не се исполнети условите во целост, затоа што 7 дена претходно сите беа уредно известени.

Како сопственик на Рома кафе најмалку сакам да се случи некаков немил настан затоа секогаш работиме по највисоки стандарди.

Рома кафе продолжува со работа и понатаму во согласност со позитивните законски прописи, норми и дозволи кхаки и до сега а за тоа е и доказ 21 годишно постоење.

Со почит ваше

Рома КАФЕ“

Back to top button
Close