Рома може да го ангажира Манџукиќ за да го ослободи Џеко во Јувентус

Познато е под какви услови напаѓачот на Рома, Един Џеко може да се пресели во Јувентус.

Рома не сака да го пушти Босанецот сè додека не најдат замена. Римјаните се заинтересираа за напаѓачот Марио Манџукиќ, кој неодамна играше во Катар, а сега е со статус на слободен агент.

Хрватот и Босанецот се напаѓачи на иста возраст, додека нивниот статус е сличен, а платата на Манџукиќ ќе биде помала од сегашната на Џеко.

За потсетување новиот тренер Андреа Пирло сака да го види Џеко во Јувентус.

Back to top button
Close