Романија го урна рекордот, над 12 илјади лица се заразени во еден ден

Романија вчера регистрираше 12.032 нови заразени со коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Во последниот месец, бројот на заразени лица во Романија се зголеми од 1.000 случаи дневно на рекордни повеќе од 12.000 вчера. Дури 1.364 пациенти со ковид-19 се на интензивна нега, што речиси ги наполни капацитетите во земјата.

Романија ја има втората најниска стапка на вакцинација во Европската унија, со само 34% од возрасните кои се целосно вакцинирани.

Според податоците објавени од здравствените власти од 20 до 26 септември, речиси 75 проценти од новозаразените и 92 проценти од починатите не биле вакцинирани.

Романија, со 19 милиони жители, регистрираше повеќе од 1,2 милиони инфекции од почетокот на пандеемијата, а 37 041 луѓе починаа.

Back to top button
Close