Романија пресретна украински борбен авион

Романија ангажирала два авиони „F-16 Fighting Falcon“ во четвртокот наутро со цел да пресретне странски воен авион, соопшти Министерството за одбрана на земјата, пренесуваат медиумите во регионот. Пресретната цел е идентификувана како борбен авион Сухој Су-27 на украинските воздухопловни сили. Нему му било наложено да слета во воената база во близина на градот Бакау во источна Романија, се вели во соопштението.

Министерството соопшти дека пилотот на украинскиот авион им се предал на романските власти. Букурешт ги проценува правните последици од инцидентот. Министерството за одбрана најави дека повеќе детали за ситуацијата ќе даде подоцна.

Веста доаѓа во време на руска воена операција во Украина, која Русија ја започна во четвртокот наутро. Москва ги идентификуваше украинските воени аеродроми и авиони на теренот како примарна цел за нејзините воздушни напади, пренесуваат агенциите.

Романија, членка на НАТО, рече дека ги презела сите неопходни мерки на претпазливост и дека ги следи случувањата во соседната земја.

 

 
 

Back to top button
Close