Романија воведува рестрикции: Полициски час, здравствени сертификати и двонеделен одмор за учениците

Романија има втора најниска стапка на имунизација од коронавирус во Европската унија, а изминатите недели бележи рекорден број смртни случаи од коронавирус и рекорден број новозаразени, а здравствениот систем е доведен до границите на издржливост.

Романската Влада од понеделник повторно ќе воведе ноќен полициски час и задолжителни здравствени сертификати за влез во повеќето јавни простори.

Покрај овие мерки, донесена е одлука да се прогласи двонеделен одмор во училиштата со цел да се запре зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот, но и да се намали бројот на смртни случаи кај заболените од ковид.

Овие мерки се веќе на сила во некои локални области, а привремената влада на Романија ќе ги објави од понеделник на целата територија на земјата.

Романија неколку пати овој месец забележа рекорден број смртни случаи од коронавирус и рекорден број новозаразени, а здравствениот систем е доведен до границите на издржливост.

Романија има втора најниска стапка на имунизација од коронавирус во Европската унија.

Back to top button
Close