Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија

 Бугарската издавачка куќа „Персеј“ од Софија го објави романот „Круг“ од Димитар Башевски.

Првото издание на овој роман кај нас е објавено во 2017 во издание на „Слово“, а второто издание го објави здавачкиот центар „ТРИ“ во 2018 година, со обемен поговор од академик Катица Ќулавкова.

Во поговорот, Ќулавкова истакнува дека со романот „Круг“, Димитар Башевски создаде „роман интересен, драматичен, богат со содржини, стилски необичен, јазично складен, психолошки изнијансиран… “

Книгите на Башевски, освен на бугарски, досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногопрски и албански јазик. Тој е добитник на високите книжевни награди кај нас, вклучително и на награда за животно дело „Св. Климент Охридски“.

Back to top button
Close