Забранетиот роман „Сатанските стихови“ од Ружди се враќа во индиските книжарници по 36 години
Романот на Салман Ружди од 1988 година, „Сатанските стихови“ поради кој на авторот му беше изречена фатва со закана по неговиот живот, принудувајќи го да се крие една деценија, конечно се врати во книжарниците во Индија – неговата родна земја.
Романот, инспириран од животот на пророкот Мухамед, стана жариште за жестока светска дебата за слободата на говорот кога тогашниот ирански лидер, Ајатолах Хомеини понуди награда за главата на Ружди поради наводно богохулие. Книгата беше забранета во Индија од власта на Раџив Ганди во 1988 година откако избија немири поради нејзината содржина.
Но, повторното појавување на „Сатанските стихови“ во книжарниците не е поврзано со слободата на говор, туку со изгубени документи. Во лавиринтската индиска бирократија, не можеше да се пронајде оригиналната наредба за забрана на книгата која поради тоа, беше и поништена. Минатиот месец, Врховниот суд во Делхи изјави: „Немаме друга опција освен да претпоставиме дека не постои такво известување“.
Бахрисонс Букселерс, семејна книжарница во Кан во Њу Делхи, во објава на социјалната мрежа „Х“, извести дека книгата е повторно достапна.
‘Language is courage: the ability to conceive a thought, to speak it, and by doing so to make it true.’
At long last. @SalmanRushdie’s The Satanic Verses is allowed to be sold in India after a 36-year ban. Here it is at Bahrisons Bookstore in New Delhi.
📸: @Bahrisons_books pic.twitter.com/fDEycztan5
— Manasi Subramaniam (@sorcerical) December 23, 2024
Менаџер во книжарницата кој одби да биде именуван рече дека продажбата била многу добра, и покрај тоа што книгата има цена од 1,999 рупи (околу 1,380 денари) што е висока за индискиот стандард. „Се распродава“, рече тој во четвртокот.
Во Индија, некои читатели изразија љубопитност: „Сум слушал за книгата целиот мој живот. Сакам да ја прочитам од љубопитност“, рече Дилип Шарма, млад студент по Англиски јазик и книжевност кој планира да купи примерок. „Делува нереално што книгата е достапна во книжари бидејќи е тоа е како да видиш еднорог за којшто си слушал целиот живот“.
Но, враќањето на романот поттикна и гнев меѓу некои муслимански организации кои сметаат дека треба да се врати забраната, аргументирајќи дека романот ги навредува исламските верувања и дека е закана за општествената рамнотежа во држава каде 14% од популацијата се муслимани. (Guardian)
Превод: Филипа Сара Попова