Романот „Зашеметен“ од Лукас Берфус објавен од издавачот Или-Или

Во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или објавен е краткиот роман „Зашеметен“ од познатиот швајцарски писател Лукас Берфус. Преводот од германски е на Ксенија Чочкова и е поддржан од преведувачката мрежа Традуки.

Како што информираат од Или-Или, по објавувањето на овој роман авторот Лукас Берфус во 2019 година ја добил најпрестижната книжевна награда „Георг Бихнер“ за писатели од германското јазично подрачје.

 

Лукас Берфус е роден 1971 година во Тун, Швајцарија. Пишува драми, романи, есеи. Неговите драми се играат насекаде низ светот, а неговите романи се преведени на повеќе од дваесет јазици. За своите дела е награден со повеќе награди меѓу кои: Литературната награда на Берлин (во 2013 год.), Швајцарската награда за најдобар роман (за „Коала во 2014 год.), наградата Николас Борн (во 2015 год.) и наградата Георг Бихнер (2019 год.). Со романот „Зашеметен“ беше финалист за Наградата за најдобар роман на Лајпцишкиот саем на книгата.

Back to top button
Close