Романска награда за кинематограферот на играниот филм „Дедо и внук“

– Македонско-романската копродукција.„Дедо и внук” доби награда за најдобра фотографија на игран филм за 2020 година од Романската асоцијација на кинематографери, на 15-тата филмска манифестација „Гопо“. Наградата му е доделена на Патру Паунеску, директор на фотографија на овој филм снимен по сценарио и режија на Илија Пиперкоски.

– И покрај тешкотиите со кои се соочија, некои од филмовите објавени минатата година имаа можност да бидат погледнати од романски гледачи, да учевствуваат на врвни фестивали, номинации и да добијат важни награди. Наградите „Гопо“ се пандан на холивудскиот Оскар за најдобрите достигнувања, а конкуренцијата беше исклучително силна, соопшти продукцијата на филмот.

Паунеску изјави дека наградата е признание за сработеното на целиот тим од Македонија кој, како што рече, направи сензационална работа и радост.

-Луѓето можат да видат колку е убав градот во кој снимавме, имено Охрид. Ми беше чест и задоволство да работам на овој филм. Одлични услови и феноменлна екипа. Го сакам Охрид, ја сакам Македонија, изјави наградениот директор на фотографија,

Ова е седма награда за  „Дедо и внук“ на познати филмски фестивали низ светот, а неодамна беше прогласен за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон.

– Направивме добар филм, со приказна која никого не го остава рамнодушен. Се радувам на сите награди и признанија. Ме прават горд и ме мотивираат и ми даваат поттик за уште подобар да бидам во иднина. Учев во добра школа, Филмската академија во Букурешт, која ми даде знаење и занает да го прикажам најдоброто. Да бидам достоен, културен амбасадор на Македонија. Филмовите се скапа уметност, но неопходни за културата на еден народ. Се надевам дека национална поддршка ќе биде поголема во иднина, изјави режисерот Пиперкоски.

Во филмот играат актерите Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов… Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм.

Back to top button
Close