Романскиот претседател Јоханис ја прими наградата Карло Велики

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Ахен ја доби Меѓународната награда „Карло Велики“.

Јоханис ја доби престижната награда како „градител на мостови помеѓу Источна и Западна Европа“.

Наградата „Карло Велики“ се доделува на поединци или институции за нивниот придонес во европското единство.

Во својот говор, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел оддаде почит на „методичкиот и принципиелен пристап“ на добитникот на наградата.

Романскиот претседател беше прогласен за победник уште во декември 2019 година, но церемонијата на доделување на наградата беше одложена речиси година и пол поради пандемијата на коронавирус.

Претходните лауреати, исто така, ја примија наградата во Градското собрание во Ахен.

Некои од претходните лауреати се германскиот социјалдемократски политичар и поранешен претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, кој се кандидираше за германски канцелар во 2017 година, претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле, поранешната претседателка на Литванија, Далиа Грибаускаите и првоизбраниот претседател на Европскиот совет, Херман ван Ромпу

Back to top button
Close