Ромни маршираше на протестот против расната дискриминација во Вашингтон

Мит Ромни, републикански сенатор од Јута, вчера се појави на демонстрациите во Вашингтон против полициската бруталност и убиството на Афроамерикенцот Џорџ Флојд од Минесота.

Ромни е првиот републикански сенатор кој се појави на протестите и го поддржа движењето „Црните животи имаат важност“.

Сенаторот сподели твит фотографија како маршира со толпата со наслов Black Lives Matter.

Тој укажа дека се потребни реформи и запирање на полициската бруталност.

Како и претходно, Ромни се става наспроти политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата недела имаше намера насилно да ги растера протестите во Вашингтон. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close