Роналдо: Борбата против расизмот не е борба за црнците, тоа е борба за сите

Поранешниот најдобар фудбалер на светот, Бразилецот Роналдо, ја истакна важноста на борбата против расизмот во фудбалот.

Роналдо, кој е двократен светски шампион и добитник на „Златна топка“ од 1997 и 2002 година, учествуваше во кампањата на ФИФА „Сите заедно против расизмот“.

– Мило ми е што сум дел од кампањата. Борбата против расизмот не е борба за црнците, тоа е борба за сите. Никој не е роден расист. Ние мора да се бориме со луѓе за кои е предодредено да бидат расистички. Ова е заедничка борба. Имаме силен глас и треба да го искористиме. Задоволен сум што учествував во кампањата против расизмот. Ние мора да продолжиме да се бориме секој ден, изјави Роналдо.

Борбата против расизмот се интензивираше по убиството на Џорџ Флојд во САД од страна на полициски службеник.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close