Роналдо: Луѓето велат дека ќе играм до 40 или 41 година., не си поставувам такви цели и едноставно уживам во моментот

Кристијано Роналдо проговори за своите планови за во иднина.

– Луѓето велат дека ќе играм до 40 или 41 година. Јас не си поставувам такви цели за себе. Само уживам во моментот, што е одлично. Се чувствувам добро, телото добро реагира на оптоварувањата што му ги давав во последните години. Сега е важно да се забавуваме, изјави 38-годишниот напаѓач.

Роналдо е играч на Ал-Наср. Претходно настапуваше за Манчестер јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close